Голчиште на Рашфорд од слободен удар за феноменален старт на Ел Класико (Видео)

Не поминаа 10 минути, а Барселона поведе со 1:0 против Реал Мадрид во веченото Ел Класико на шпанскиот фудбал. На „Камп ноу“, фештата стартуваше со феноменален гол на Маркус Рашфорд од слободен удар.

Беше направен фаул оддесно, а Рашфорд реши да шутира директно и тоа во спротивниот агол, што го изненади Тибо Куртоа. Напаѓачот на Барселона го погоди самиот агол од голот и ја затресе мрежата на Кралскиот клуб за голема радост на домашните навивачи на „Камп Ноу“.

Мајсторијата на Рашфорд може да ја видите ТУКА.

Веќе во 18 минута Барселона поведе со 2:0 благодарение на голот на Феран Торес.

- Оглас -

Најнови вести