Барса го крена Сиднеј на нозе, пред 70 илјади гледачи ги победи Ѕвездите на Австралија (Видео)

Барселона е магнет за фудбалските симпатизери и гостувањето на светскиот фудбалски гигангт во Австралија предизвика огромен интерес и присуство на 70 илјади гледачи на „Акор“ стадионот во Сиднеј.

Каталонците играа против Дрим-тимот од австралиската лига и во интересен меч со пресврти победија со 3:2.

Барселона повед е со голот на Дембеле, а потоа домаќините направија пресврт со два гола на почетокот на второто полувреме.

https://twitter.com/Barca_Buzz/status/1529414578626564098?s=20&t=dgdFOcD8xj5xlrkjw3mvMQ

Гостите од Шпанија сепак не дозволија изненадување и со головите на Траоре и на Фати победија со 3:2.

Последниот гол на мечот беше и најатрактивен, особено поради прекрасниот соло-продор на Аранда, кој му асистираше на Фати за победа.

https://twitter.com/infosfcb/status/1529430886294245376?s=20&t=dgdFOcD8xj5xlrkjw3mvMQ

- Оглас -

Најнови вести