Барса го купи за 5 милиони евра, а не би го продала за помалку од 1 милијарда!

Еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Педри, наскоро треба да потпише продолжување на договорот со Барселона до 2026 година, а Каталонците во договорот ќе вметнат откупна клаузула дури од една милијарда евра, што е светски рекорд.

Педри е еден од младинците околу кои Барса би можела да ја гради својата иднина, па клубот сака со клаузула од 1 милијарда да ги откаже „мршојадците“ кои би сакале за евтини пари да го земат Педри во своите редови. Со новиот договор, платата на „новиот Иниеста“ ќе биде повеќекратно зголемена во однос на сегашната.

Овој фудбалер, кој во ноември ќе наполни 19 години и првиот меч во сениорска конкуренција го одигра во август 2019 година, и тоа во втората шпанска лига, во Барселона дојде од Лас Палмас за 5 милиони евра и уште во првата сезона ги воодушеви сите, беше незаменлив во клубот, а стана и стандарден шпански сениорски репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести