Барса го нокаутираше ПСЖ во „Блауграна“

Во големото дерби во кое правдата ја делеа македонската судиска двојка Начевски – Николов, Барселона го растури ПСЖ со убедливи 36:32. Каталонците им го нанесе првиот пораз на францускиот гигант во Лигата на шампионите за оваа сезона, ставајќи крај на низата од четири победи на Светците.

Барса делуваше надмоќно уште во првите 30 минути кои ги добија со 19:15, а потоа домаќините имаа задача само да ја одржат изградената предност, што и го направија тоа. Сега Барселона и ПСЖ барем до утре ќе ја делат првата позиција во групата А со по осум бода, ќе се чека исходот од мечот Алборг – Фленсбург да се види дали ќе има промени на табелата.

Дика Мем со шест погодоци ги предводеше Каталонците, Абелјо ги реализираше сите осум обиди. Кај поразените, Карабатиќ со седум погодоци беше најефикасен.

- Оглас -

Најнови вести