Барса го поштеди единствениот играч кој настапи во сите првенствени натпревари

Роналд Куман нема да смета на младиот Педри за гостувањето кај Ејбар во последното коло од Ла Лига, поради што клубот му дозволи порано да оди на одмор со цел да избегне црно сценарио пред ЕП 2020.

Големи се шансите за талентираниот креативец да биде повикан во репрезентацијата на Шпанија, па Барса го поштеди својот единствен играч кој настапи во сите првенствени дуели сезонава. Педри запиша вкупно 2.425 минути на теренот во 37 меча претходно, па бидејќи нема потреба да се троши во дуелот против Ејбар, ќе остане дома.

Интересно е што Де Јонг не е поштеден, а е втор играч со најмногу настапи сезонава и воедно е сигурен дека ќе игра за Холандија на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести