Барса го потврди засилувањето, но Чави дојде лут на првиот собир

Фудбалерите на Барселона денес се појавија во клупскиот спортски центар на прегледи и старт на летните подготовки за новата сезона. На собирот се појавија двајца играчи кои Чави веќе ги отпиша и чека да бидат продадени, па поради тоа тренерот на Каталонците е лут.

Имено, Рики Пуиг и голманот Нето дојдоа на тренингот иако за нив дефинитивно нема место кај Чави. Двајцата уште се под договор и затоа се присутни на првиот собир на екипата.

Меѓу отпишаните уште се Оскар Мингеса, Самуел Умтити и Муса Ваге, но тие го послушаа тренерот и не се појавија на собирот.

Во меѓувреме е потврден ангажманот на Франк Кеси како бесплатно засилување од Милан.

- Оглас -

Најнови вести