Барселона ќе биде меѓу најактивните екипи во двата тансфер периоди во 2022 година, а Чави Ернандес веќе ја почнува најавената реконструкција на тимот што треба да го врати препознатливиот сјај на гигантот.
Едно од можните засилувања е и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој би дошол веднаш во Барса, во јануари.
Најавен е и ангажман на Де Лихт од Јувентус, а со него во Барселона би можел да игра и неговиот некогашен соиграч од Ајакс, Нусаир Мазрауи.
И тој трансфер е најавен како многу интересен и како лост за Барселона кон посакуваното доаѓање на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Врската е Мино Рајола, кој е агент на двајцата фудбалери, а веќе имал преговори со Барса и за Мазрауи и за Халанд.
За Норвежанецот се водеа преговори ова лето, но празната каса на Барселона беше пречка за трансферот.
Сега Барса ги консолидира финансиите, па може од Рајола да обезбеди и двајцата негови штитетници, Мазрауи и Халанд во 2022 година да се преселат на „Камп Ноу“.
Проценката е дека играчот на Ајакс би чинел 20-на милиони евра, а Ајакс е подготвен да го продаде, бидејќи Мароканецот не сака да го продолжи договорот.
Халанд веројатно ќе биде на мета на Барса во летниот преоден рок идната година.