Барса ја демантира сериозноста на повредата, но прашање е дали Миротиќ ќе игра Евробаскетот

Никола Миротиќ има големи проблеми со ахиловата тетива за што му се прогнозираше пауза до шест месеци. Информацијата дојде како шок за репрезентацијата на Шпанија пред настапот на Евробаскетот кој ќе почне на 1 септември, но сепак од таборот на Барселона демантираат толку долга пауза.

„Известуваме дека Никола Миротиќ има незгода на ахиловата тетива на левата нога. Нашиот кошаркар со оваа незгода играше и во финишот од минатата сезона, а третманот на рехабилитација треба да трае неколку недели. Медицинскиот тим го следи напредокот на Миротиќ и допрва треба да процени колку ќе му трае паузата“, стои во соопштението на Барселона.

До стартот на Евробаскетот има нешто повеќе од еден месец, па затоа настапот на Миротиќ е ставен под знак прашалник.

- Оглас -

Најнови вести