Жил беше неверојатно жилав и успеа – Кунде ќе игра за Барселона, а Каталонците со убав гест му помогнаа

Жил Кунде и неговата летна трансфер сага конечно ќе заврши со посакуван крај за францускиот интернационалец и тој ќе игра за Барселона.

Каталонците влегоа во жестока битка со Челзи за стоперот на Севилја и пресуди огромната желба на Кунде да игра за шпанскиот гигант.

Иако Челзи понуди повеќе, и тоа доста поголема сума пари, ниту 65 милиони евра не беа доволни да се победи првичната понуда на Барселона од 40 милиони евра, плус пет во бонуси.

Севилја и Челзи веќе имаа договор, но Кунде одби да го почитува и инсистираше да замине во Барса.

Каталонците го ценеа тоа и ја покачија понудата за 10 милиони евра, од 40 на 50 милиони евра, а и двојно ги зголемија бонусите во клаузулата, од пет на 10 милиони евра, па стоперот што има 11 настапи за Франција ќе биде нов играч на шпанскиот гигант.

Во Челзи не беа задоволни со расплетот и во бес објавија дека ги прекинуваат преговорите со Барселона за трансфер на Сесар Аспиликуета и на Маркос Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести