Барса трет пат по ред ќе проба дома да ја победи Осасуна со истиот резултат

1301 Барселона – Осасуна (19.30 часот)

Осасуна е тврд тим чии мечеви обично не изобилуваат со многу голови, но има најави дека вечерва на „Камп ноу“ ќе бидат некомплетни и ќе се чуваат за финалето на купот, а со повеќе резерви во почетниот состав тешко дека ќе излезат на крај со Барса, која сака што побрзо да ја обезбеди титулата. Последните две меѓусебни пресметки на овие тимови во Барселона завршија со победа на Каталонците од 4-0. Есеноска Барса во Памплона победи со 2-1 во меч на кој Левандовски доби црвен картон уште во првото полувреме.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.85)

 

8333 Партизан – Реал Мадрид (20.30 часот)

Партизан води со 2-0 и му треба само уште една победа за пласман на фајнал-форот. Долгорочно гледано, нема да биде трагедија за Партизан ако загуби вечерва (би имале приход од продадени билети за уште еден меч и би го имале Пантер на фајнал-фор), но тренерот Обрадовиќ не сака да калкулира и ќе проба да ја заврши работата. Реал е најопасен кога е притиснат до ѕид, но историјата вели дека ниту еден тим не успеал да се излече после 0-2 на свој терен. На првите два меча паѓаа 175, односно 176 поени.

Предлог тип: >164.5 (1.96)

 

1881 Фрајбург – Лајпциг (20.45 часот)

Ова е меч од полуфиналето на Купот на Германија, се игра еден меч. Предноста на Фрајбург е домашниот терен, а фаворити на хартија според квотите се гостите.  Двата тима се во форма, имаат по четири победи на последните пет меча во сите натпреварувања, а приредија изненадувања во претходната рунда од Купот. Фрајбург во 2019 година последен пат победи против Црвените бикови.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.40)

 

1112 Арсенал – Челзи (21.00 часот)

Ова е шанса за Арсенал да ја прекине серијата од четири меча по ред без победа. Топчиите веќе немаат право на кикс ако сакаат да останат во трка за титулата. Челзи освои само еден бод во последните пет кола, Сините имаат и прилично голем број повредени играчи, но ова е градско дерби во кое ќе бидат мотивирани. Во 2020 беше последното реми во нивните меѓусебни дуели, есеноска на „Стемфорд бриџ“ победи Арсенал со 1-0.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.77)

 

1303 Реал Сосиедад – Реал Мадрид (22.00 часот)

Баскискиот тим има убава прилика да го победи големиот Реал. Мадриѓаните ќе настапат со втор состав (повредени се Модриќ, Алаба, Менди, суспендирани се Камавинга и Винисиус, неизвесни се Валверде и Бензема), ќе ги чуваат силите за саботното финале на Купот и потоа за дуелот од ЛШ во вторник. Сосиедад е четврти на табелата и во добра позиција е да обезбеди учество во ЛШ. Реал Мадрид е најефикасен тим во лигата, има дадено 28 гола повеќе од домаќинот, но Сосиедад има помалку примени голови. Последната победа на Сосиедад над Мадрид беше во 2019 година.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.18)

- Оглас -

Најнови вести