Барса мора да побрза, Меси насмеан се сликаше со половина ПСЖ! (Фото)

Лионел Меси и понатаму е на одмор на Ибица, таму со жена му и децата постојано се дружи со семејствата на Луис Суарес и Сеск Фабрегас, а навивачите на Барселона чекаат тој да потпише нов договор и на 8 август да се појави на мечот против Јувентус за „Трофејот Гампер“.

Нема никакви најави дека Меси сака да ја напушти Барселона, но една фотографија која ја објави Нејмар предизвика голем немир кај Каталонците. Меси е во друштво на четворица фудбалери на Пари Сен Жермен, единствениот клуб кој може да го „украде“ Меси. Аргентинецот се фотографираше со пријателот Нејмар, сонародниците Анхел ди Марија и Леандро Паредес, а таму е и Италијанецот Марко Верати.

За да остане во Барселона, Меси мора да се согласи на двојно помала плата од таа што ја земаше досега и притоа клубот мора да продаде некој скап играч, за да го исполни финансискиот фер-плеј.

- Оглас -

Најнови вести