Барса му го нуди Малком на Интер, Италијанците велат не

Агентите на Малком го понудиле Бразилецот да замине во Интер, но клубот од Милано не е заинтересиран за него, најмногу поради однесувањето летоска, кога во последен момент ја одби Рома и „се залета“ да потпише за Барселона.

Три месеци по контроверзниот трансфер, сега самиот Малком сака да ја смени средината, а и Барса би го ослободила играчот за кој плати 41 милион евра, грее клупа (сезонава има играно само 25 минути) и држи место на странец.

Интер летоска сакаше да го купи Малком, но понудата од Рома беше подобра, за на крај, Малком наместо на лекарски прегледи во Рим, со авионот да замине во Барселона и да премине во каталонскиот гигант.

„Црно-сините“ од Милано се задоволни со Матео Политано и Кеита Балде, па не сакаат да го донесат 21-годишниот Бразилец, кој покажа непрофесионализам во случајот со Рома.

- Оглас -

Најнови вести