Барса на два меча сезонава му даде девет гола на Бетис, џабе двеминутната магија на Иско

Барселона го победи Бетис со 4-2, и тоа благодарение на головите на Жоао Феликс во 90-та и Феран Торес во 92-ра минута. Со новите три бода, Барселона е на седум бода негатива зад Реал Мадрид.

Барса со два гола на Торес имаше комотни 2-0, но искусниот Иско за 167 секунди даде два гола за 2-2. Иско по 19-ти пат во кариерата играше против Барса и првпат даде гол(ови).

Каталонците на двата дуели против Бетис сезонава дадоа вкупно 9 голови, а вечерва после долго време победија со барем два гола разлика во лигашки меч, тоа го немаа направено уште од оние 5-0 над Бетис во септември.

Торес е првиот Шпанец после Педро од пред десет години, кој направил хет-трик во дресот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести