Барса претстави уште еден ексиграч на Манчестер сити

Барселона го официјализира ангажманот на Ерик Гарсија од Манчестер сити, кој се врати на „Камп ноу“ без отштета и потпиша петгодишен договор со Каталонците. Шпанскиот дефанзивец е втор играч кој Барса го доведе од редовите на Сити, откако вчера беше претставен Серхио Агуеро.

Гарсија е производ на фудбалската школа „Ла Масија“, но уште како тинејџер се пресели на Островот, каде што се развиваше во редовите на новиот англиски првак.

Овој ангажман се најавуваше подолго време откако Гарсија одби да потпише нов договор со Сити, додека Каталонците му гарантираа значителна минутажа во првиот тим, воедно во него се гледа наследникот на Пике на стоперската позиција.

- Оглас -

Најнови вести