Барса преживеа три обиди на Реал за титула (Видео)

Барселона го победи Реал Мадрид со 78-77 и намали на 1-2 во финалето на шпанскиот кошаркарски плејоф. Каталонците беа на прагот да направат брејк на претходниот меч во Мадрид, но загубија на драматичен начин, а овојпат среќата беше на нивна страна.

Реал имаше напад за титула, но најпрвин Кампацо се лизна, па Руди Фернандес беше изблокиран, Џејси Керол не се снајде, а во добра позиција се најде Треј Томпкинс, кој уфрли 18 поени и беше најефикасен кај Реал, но Американецот од одбојка не успеа да даде кош и домашните навивачи можеа да почнат да се радуваат и да веруваат дека и на следниот меч Барса ќе победи, па мајсторка во Мадрид да решава за првакот.

Погледнете што се случуваше во последниот напад на Кралскиот клуб:

- Оглас -

Најнови вести