Барсa се крсти во Тер Штеген: Нереалната одбрана на Германецот го осигура триумфот (видео)

Марк Андре Тер Штеген е можеби најзаслужен што Барселона го совлада Хетафе со 2-1 во мечот од 24-тото коло од Ла Лига. Избраниците на Кике Сетјен доста се намачија да ги освојат трите бода против извонредната екипа од Мадрид која е во битка за пласман во Лигата на шампионите.

Домаќините за само шест минути ги реализираа двата гола, прво стрелаше Гриезман во 33-тата минута по одличната асистенција на Меси, а Роберто зголеми на 2-0 набрзо потоа. Мораше да влезе Анхел за Хетафе да постигне гол, во 66-тата минута гостите ја намалија негативата, а воедно имаа голема прилика да израмнат во 72-та минута.

Сепак, на сцената стапи фантастичниот Тер Штеген, кој беше на ниво на задачата во целиот меч, а неговата нереална интервенција на гол-линијата ја осигура тесната победа.

- Оглас -

Најнови вести