Барса се мачеше, но доби подарок од судиите и го искористи

Барселона славеше со 1-0 против Реал Сосиедад, а гостите беа скршени не од домашниот тим, туку од судиите. Во 81-ва минута, имаше една спорна ситуација во 16-никот на гостите, и можно играње со рака, а судијата реши сам да погледне, и откако ја виде ситуацијата на ВАР, реши да покаже на белата точка. Освен за навивачите на каталонците, за сите други тоа не беше пенал, но судијата мислеше поинаку.

Лионел Меси го прифати подарокот и со својот 19-ти гол сезонава, му донесе триумф на тимот кој со новите три бода, повторно е прв на табелата, барем до утре до 23 часот.

Сосиедад има 24 порази по ред на гостувањата на „Камп Ноу“.

- Оглас -

Најнови вести