За Барса е голем ден, слави 121. роденден и на гости им стаса тимот на кој му даваа по 7 гола

Барселона слави роденден, на денешен ден пред 121 година формиран е гигантот од Шпанија, а овојпат ќе изостане фештата, бидејќи не е дозволено присуство на навивачи, но се најавува фестивал од голови на мечот со Осасуна.

И традицијата во мечевите на овие два ривали најавува нов богат меч со погодоци. Лани Осасуна ја изненади Барселона со победа од 2:1 на „Камп Ноу“, но претходно во 2014 и во 2017 година прими дури 14 голови вкупно.

Тимот од Памплона загуби со 7:0 и со 7:1, што е одлична најава за голови на мечот што ќе почне за половина час, од 14 часот.

Кај Барселона во составот се враќа и Лионел Меси, кој доби поштеда на дуелот од Лигата на шампионите со Динамо во Киев, а офанзивата повторно ќе биде силен адут на домаќините со Гризман, Кутињо, Брајтвајт и Педри, кои заедно со Меси ќе бидат задолжени за голови на прославата на 121. роденден на Каталонците.

 

- Оглас -

Најнови вести