Барса со Меси ќе атакува на прва победа во 2021 година

Лионел Меси се приклучи на тренинзите на екипата на Барселона по зимскиот одмор и утре би требало од првата минута да настапи на гостувањето кај Уеска.

Маси ќе ги предводи Каталонците во обидот да се запише првата победа во Новата 2021 година и да се подобри учинокот од првата половина од сезоната. Заедно со Аргентинецот, и бекот Жорди Алба му се стави на располагање на Роналд Куман, кој пак не може да смета на Пике, Кутињо, Умтити, Роберто и Фати.

Дуелот Уеска – Барселона е закажан за утре во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести