Барса со Миротиќ пресилна за Ефес без Ларкин

Барселона предводена од најскапиот кошаркар во Евролигата, Никола Миротиќ, славеше на гостувањето кај Анадолу Ефес во Истанбул во еден од најинтересните денешни мечеви во најсилното клупско натпреварување во Европа. Црногорскиот Шпанец со 24 поени беше најзаслужен за триумфот. Во Ефес не паметат кога последен пат дале 64 поени особено дома, но проблем за нив беше неиграњето на повредениот Шејн Ларкин, како и на Морман и Бобоа.

Првакот ЦСКА првпат победи во Валенсија, и тоа со стил. Мајк Џејмс уфрли 20 поени. Алба после пет години извојува евролигашка победа, а Асвел кој е повратник во елитата после 15 години, во Лион го изненади Олимпијакос.

РЕЗУЛТАТИ: Жалгирис – Басконија 58-70, Анадолу Ефес – Барселона 64-74, Алба Берлин – Зенит 85-65, Асвел Вилербан – Олимпијакос 82-63, Валенсија – ЦСКА Москва 71-96.

- Оглас -

Најнови вести