Барса убаво ќе заработи од продажбата на Тодибо, но ако го сака назад…

Шалке 04 ја официјализираше шестмесечната позајмица на Жан-Клер Тодибо од Барселона, со опција да се откупи дефанзивецот за сума од 25 милиони евра по крајот на сезоната. Барселона вклучи и клаузула во овој ангажман, ќе треба да плати двојно повеќе, односно 50 милиони евра за Тодибо да се врати на „Камп ноу“.

Каталонците ќе остварат убава заработка доколку Шалке го откупи неговиот договор, бидејќи Тодибо во Шпанија пристигна за симболични 1,5 милион евра изминатото лето од редовите на Тулуз.

Дваесетгодишниот стопер одигра само три меча за Барселона меѓу кои и гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите. Во победата од 2-1 за Барса Тодибо ги одигра сите 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести