Барса во луд меч ја доби Гранада и направи подвиг каков што чекаше 60 години

Барселона на чудесен начин избегна елиминација од шпанскиот куп. Победата од 5-3 на гостувањето кај Гранада само потврдува каков меч одиграа овие два тима.

Гранада, која пред неполн месец загуби од Барса со 0-4, овојпат беше на прагот на сензација и водеше со 2-0 до 88-мата минута. Добро се бранеа 88 минути, чудо е како гостите немаа дадено гол и тогаш среќата се сврте на нивна страна.

Тогаш Каталонците дадоа еден среќен гол, кој беше автогол на голманот, а потоа во 92-рата минута со слична акција и нафрлување од Меси кон Гриезман гол даде Алба. Барселона за првпат по далечната 1961 година успеа да избегне пораз на гостување во Купот, во меч на кој губеле со два гола разлика.

Домашните беа во шок, а гостите тоа го искористија, па Гриезман погоди за 3-2, но Гранада некако се прибра и даде гол од пенал. Френки де Јонг со својот петти гол годинава и уште еднаш бекот Алба го потврдија пласманот во полуфиналето, каде што веќе се Севилја и Леванте, а се чекаат уште Бетис или Атлетик Билбао.

 

- Оглас -

Најнови вести