Барса во следната сезона ќе ги имитира Базел и Стеауа

Иако е штотуку дизајниран, дресот на Барселона за 2020/2021 веќе се знае како ќе изгледа, и според првите реакции, тој им се допаѓа на фановите повеќе отколку сегашниот.

На дресот ќе има три предни широки вертикални пруги, две црвени и една сина, а меѓу нив ќе има тенка жолта линија. Жолта линија ќе има и на околувратникот. Дизајнот е инспириран од дресот од 1920 година, па на стогодишнината, клубот ќе потсети на тие далечни времиња.

Навивачите беа незадоволни со коцкестите дресови кои тимот ги носи сезонава. Секако има и такви кои го критикуваат и новиот дрес. Некои мислат дека е копија на дресовите на швајцарски Базел, на други им личи на дресот на Стеауа.

Проблематичен е и гостинскиот дрес. Најавите се дека тој треба да биде бел, со црвен крст на средината.

За фановите, тоа е неприфатливо, бидејќи најголемиот ривал на каталонците, Реал Мадрид, има бел дрес. Новиот дрес на Барселона ќе биде пуштен во продажба кон крајот на мај следната година, веднаш по финалето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести