Барса знае како да ја надигра Севилја со повеќе од два гола разлика

1323 Барселона – Севилја (21ч)

Само пред шест дена, Барселона славеше на гости кај Севилја со 2-0 во лигашки рамки, а Каталонците вечерва ќе бркаат токму негатива од два гола со цел да се пласираат во финалето од шпанскиот куп. Со оглед на триумфот од минатиот викенд, јасно е дека тимот на Куман знае како треба да се надополни негативата, иако Андалузијците претходно сезонава си заминаа непоразени од „Камп ноу“ по нерешените 1-1.

Севилја памети неколку дебакли во Барселона од минатите неколку сезони, како 4-0, 6-1, 4-2, а воедно последната гостинска победа ја оствари во 2010 година токму во куп-пресметка. Во 99% од натпреварите, Барса слави на домашен терен против Севилја, па затоа составот на Лопетеги е речиси отпишан.

Предлог тип: 1X & 3+ (1.89)

 

1005 Кристал палас – Манчестер јунајтед (21:15ч)

Јунајтед треба да ги пренасочи целите кон задржување на второто место бидејќи Сити е недостижен на врвот и речиси сигурно Граѓаните ќе ја зграпчат шампионската титула во Премиер лигата. Како и да е, избраниците на Солскјер немаат намера да застанат со низата позитивни резултати, па и по дуелот со Кристал палас, да останат како единствена непоразена екипа на гости сезонава во англискиот шампионат.

Ѓаволите вторпат само во неколку дена играат во Лондон откако изминатиот викенд ремизираа без голови против Челзи, сега имаат полесна мисија ако се знае дека Јунајтед славеше во четири од последните пет гостувања на „Селхурст парк“ во лигашки рамки.

Палас дома има негативен биланс само од четири победи, исто толку ремија, но и пет порази, што е најава за ново разочарување.

Предлог тип: X2 & 2>1 (2.45)

 

3007 Mилан – Удинезе (20:45ч)

Удинезе во добро расположение гостува на „Сан Сиро“, стадинот на којшто последен пат славеше во септември 2016 година. Несторовски треба да добие шанса од првата минута против Росонерите бидејќи во претходното коло ја донесе победата над Фиорентина, по што ќе се докажува дека има квалитет да го изненади и големиот Милан.

Тимот на Пиоли се врати во победнички ритам во дербито против Рома, но сега без клучните играчи како Ибрахимовиќ, Чалханоглу, Ребиќ, па и Манџукиќ, ќе треба да го одбрани домашниот терен. Милан може да оствари двоен триумф сезонава откако славеше со 2-1 во првата средба на овие две екипи.

Предлог тип: 1 (1.91)

 

3006 Аталанта – Кротоне (20:45ч)

Овој тип дефинитивно е најсигурен со оглед на напаѓачкиот потенцијал со којшто располага Аталанта, но и фактот што Кротоне има учинок од само една победа и девет порази во последните 10 кола во Серија А.

Божицата треба да го растури фенерџијата како што го стори тоа во последната меѓусебна средба која се одигра во Бергамо. Аталанта тогаш славеше со 5-1, па сега е блиску до овосезонски двоен триумф откако славеше и во октомври минатата година на гости со 2-1. Проблем за Гаспарини е што не игра Запата, но и без него Аталанта може повеќекратно да ја затресе мрежата.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.18)

 

1701 Олимпик Лион – Рен (19ч)

Лион киксна со ремито во дербито против Марсеј, но и натаму е во тесна битка со Лил и ПСЖ за титулата во Франција. Сега е шансата за Лавовите потполно да се вратат во таа трка и да ги анулираат трите бода негатива зад лидерот.

Рен веќе шест кола не знае за триумф, односно ги загуби последните три лигашки средби, по што заостана на деветтото место на табелата. Лион воедно треба да го одбрани домашниот терен откако ги загуби последните четири меѓусебни дуели против Рен во кои Лавовите беа домаќини.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.18)

- Оглас -

Најнови вести