Барселона ја одбрани титулата во драматично финале – Рекордерите беа подобри пеналџии од Кјелце (Видео)

Во драматично финале во Келн, во Ланксес арена, Барселона ја освои рекордната 11-та ракометна титула во Лигата на шампионите, го победи Кјелце на пенали, откако во регуларниот дел и по двете продолженија од по пет минути немаше победник.

На четири секунди до крајот на регуларниот дел Каралек погоди за Кјелце од линијата од шест метри, израмни на 28:28 и го одведе мечот во дополнителни две продолженија од по пет минути.

https://twitter.com/ehfcl/status/1538576816126009344?s=20&t=-BPzo-iUTWulAQ4oeQr4Ww

Победник немаше и во дополнителното време, двете екипи дадоа по четири гола во двете продолженија од по пет минути, па драмата кулминираше со изведување на седмерци.

https://twitter.com/ehfcl/status/1538572258666590212?s=20&t=-BPzo-iUTWulAQ4oeQr4Ww

Ракометарите на Барселона беа посигурни и попрецизни и славеа со 5:3 на пенали и ја одбранија титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести