Барселона активира зимска „бомба“: За 55 милиони евра на „Камп ноу“ доаѓа шпански репрезентативец

Повеќе шпански медиуми најавуваат дека Барселона го договорила првото големо засилување во ерата на тренерската кариера на Чави Ернандес. Според пишувањата, Феран Торес во јануарскиот преоден рок ќе стане нов член на Барселона.

Се работи за трансфер од 55 милиони евра, плус 10 милиони евра кои каталонскиот гигант ќе треба да му ги исплати на Манчестер сити. По доаѓањето на Чави, Барселона бесплатно го врати искусниот Дани Алвес, кој треба да донесе квалитет во одбраната.

Само со 21 година, Торес треба да биде иднината на клубот. Тој може да игра на сите напаѓачки позиции во екипата и знае да биде многу корисен. Во Манчестер сити замина минатата година, кога Граѓаните дадоа 28 милиони евра за да го купат од Валенсија. Сега ќе го продадат за двојно повеќе.

Феран Торес сезонава не добива голема доверба кај тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, па досега одигра само седум меча, во кои има добар биланс од три погодоци и една асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести