Барселона дефинитивно е повеќе од клуб – донираше 30.000 заштитни маски

Коронавирусот завзема се поголем замав во Шпанија. По Италија, Шпанија е земја со најголем број на заразени и починати во Европа. Во борба против Коронавирусот се вклучи и шпанскиот првак Барселона.

Каталонскиот гигант денеска испорача 30.000 заштитни маски кои ќе бидат поделени на најранливата категорија, а тоа се постарите луѓе.

Маските се направени во Кина, а се донација од компанијата „Таипинг“, која е регионален спонзор на Барселона. Со оваа донација, само уште еднаш се потврди зошто најпознатото мото на Барселона е „Повеќе од клуб“.

Во Шпанија досега има повеќе од 72.000 заразени од Коронавирусот, а починати се околу 5.700 луѓе.

- Оглас -

Најнови вести