Барселона до петок ќе го објави договорот со Гриезман

Барселона во следните три дена ќе го објави првиот мегатрансфер за ова лето, доведувањето на Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид. Гриезман, кој го носеше дресот со бројот 7 во Атлетико, сега има нов сопственик. Жоао Феликс е новата „седмица“ на мадридскиот тим, па сега е ред Гриезман да го направи долго најавуваниот трансфер на „Камп ноу“.

Се очекува Барселона да плати 120 милиони евра за доведување на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. Гриезман не ги стартуваше подготовките со Атлетико Мадрид, но има и дозвола тоа да го направи бидејќи беше дел од репрезентацијата на Франција во квалификациите за ЕП 2020, па затоа има право на одмор до 12 јули.

Токму 12 јули е последниот ден кога е ставен како краен рок за да се објави договорот меѓу голгетерот и Барселона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести