-3.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Барселона е на само 14 милиони евра од исполнување на условот „1:1“

Финансиското работење на Барселона е сè подобро, па клубот сега се наоѓа само на 14 милиони евра од исполнување на условот „1:1“. Тоа би значело целосно исполнување на финансискиот ферплеј, со што слободно ќе може да купуваат фудбалери и да ги регистрираат без проблеми.

Најголема олеснителна околност околу правилото е продолжувањето на договорот со Френки де Јонг до 2029 година, па така дополнително ќе се растовари амортизацијата од неговиот трансфер.

На тој начин се ослободија 18 милиони евра во буџетот за регистрација на нови фудбалери, а дополнително ослободување ќе има и од позајмицата на Марк-Андре тер Штеген.

Позајмицата на Германецот во Жирона ќе ослободи дополнителни 1,5 милиони евра, а раководството на Барселона очекува комплетирање на „1:1“ условот до крајот на оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести