Барселона е пред неверојатен подвиг, да ја има најдобрата одбрана во историјата на Топ 5 лигите

Барселона во следното коло во дуелот против локалниот ривал Еспањол може и официјално да ја прослави титулата во Примера дивисион. Каталонскиот гигант во 33 кола досега освои 82 бодови, дури 13 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид.

Во овие 33 меча, Барселона има неверојатно добра одбрана и досега прими само 11 голови. Тоа значи дека дефанзивниот ред на лидерот, капитулира само по еднаш на секои три одиграни средби. Според тоа, статистиката покажува дека Барселона прима по 0,33 погодоци на меч.

Ако се погледне низ историјата, ниту еден клуб во Топ 5 лигите никогаш немал толку добра статистика и толку мал процент на примени погодоци на меч. Италијанскиот Калјари од сезоната 1969/70 во 30 средби во просек примал по 0,37 погодоци.

Следува тимот на Ливерпул од сезоната 1978/79 кога на 42 дуели во просек примал 0,38 погодоци. Место во Топ 5 најдобри одбрани има уште и за Челзи од сезоната 2004/05 кога во 38 мечеви, лондонскиот тим во просек примал по 0,39 голови на натпревар. Милан од сезоната 1968/69 во 30 дуели во просек има примано 0,40 погодоци.

Тоа значи дека ако Барселона остане во ист ритам и на последните пет меча успее да го сочува овој просек, ќе бидеме сведоци на тимот со најдобра одбрана во историјата на Топ 5 лигите.

- Оглас -

Најнови вести