Барселона е заинтересирана за Кансело, но Португалецот прво ќе мора да помине психолошки тестови

Лидерот во шпанскиот шампионат Барселона и заинтересирана во летниот преоден рок да го ангажира португалскиот репрезентативец Жоао Кансело кој поминува низ тежок период во кариерата.

Кансело во зимскиот преоден рок замина на шестмесечна позајмица во Баерн Минхен, но по одличниот старт, беше преселен на клупата за резервни играчи и тој податок тешко го прифаќа.

Челниците на Баерн веќе ги известиле колегите од Манчестер сити дека најверојатно нема да ја искористат опцијата за 70 милиони евра да го откупат договорот. Барселона е заинтересирана налето да го откупи договорот на Кансело, но има услов.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој има одлични односи со Жорге Мендеш, агент на фудбалерот, бара Кансело да помине психолошки тестови.

- Оглас -

Најнови вести