Барселона го чека Меси, а тој ужива со човекот кој ја донесе шампионската титула на Атлетико Мадрид

Барселона веќе одигра неколку мечеви во подготвителниот период за новата сезона, но никаде го нема Лионел Меси. Како никогаш претходно во последниве 15-тина години, владее неизвесност дали најдобриот фудбалер во историјата на каталонскиот гигант и во новата сезона ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.

Меси е слободен играч, а сите очекувања се дека ќе потпише нов договор со клубот во кој ја помина целата кариера досега. Некои шпански медиуми шпекулираа дека Меси ќе се појави на тренинг на Барселона на 2 август, но сепак тоа сега делува нереално.

Меси на социјалните мрежи се пофали дека ужива во одмор на Ибица и тоа во друштво со неговиот многу добар пријател и некогашен соиграч од Барселона, Луис Суарес. Меси и Суарес беа одличен тандем во Барселона, но Уругваецот пред точно една година, буквално беше избркан од „Камп Ноу“, па замина во Атлетико Мадрид.

Суарес имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид и беше еден од најзаслужните што Јорганџиите ја освоија титулата во Примера дивисион. Иако на теренот лани беа лути ривали и конкуренти за титулата, Меси и Суарес уште еднаш го потврдија нивното пријателство.

- Оглас -

Најнови вести