Барселона го доби кошаркарското Ел Класико против Реал Мадрид

Екипата на Барселона славеше на гостински терен во кошаркарското Ел Класико против Реал Мадрид со 85:75 во АЦБ лигата.

Домаќинот ја доби првата четвртина со 24:18, но, потоа следеше пресврт во втората делница со што Каталонците заминаа со водство од 42:40.

Во второто полувреме, гостите само ја зголемуваа предноста за на крај да слават со убедливи плус десет.

Сертак Санли со 17 поени беше најефикасен на средбата, додека одлични беа и Кајл Куриќ (14) и Никола Миротиќ (13).

И покрај поразот, Реал Мадрид останува убедливо на првото место со 32 бода, додека Барселона сега е на делба на втората позиција со 24, исто колку што има и Манреса.

- Оглас -

Најнови вести