Барселона го продаде Суарес во Селта Виго

Барселона и Селта Виго постигнаа договор за трансфер на Денис Суарес. Тимот од Галиција се согласи да плати 12,9 милиони евра, плус 3,1 милиони евра во бонуси за да го добие играчот на Барселона. Суарес е дете на екипата од Виго бидејќи таму ги има поминато младинските категории, а потоа играл и за тимот Б во 2011 година.

Од Селта замина во Манчестер сити, каде што не заигра, па се врати во Шпанија. Играше за Севилја и Вилјареал, а во 2016 година направи трансфер во Барселона. За каталонскиот гигант одигра 71 меч, даде осум гола, а освои 5 титули. Сепак, не се снајде најдобро, па беше даден и на позајмица во Арсенал, а сега реши да направи трансфер во својот матичен клуб, Селта Виго.

- Оглас -

Најнови вести