Барселона ги задоволи своите фанови со победата од 4-0 против Атлетик Билбао, и сега каталонскиот тим се зацврсти на втората позиција на табелата во шпанската Ла Лига.
Барса сезонава уште нема примено гол на домашен терен, а Осман Дембеле беше херој на вечерта со еден гол и дури три асистенции.
Не беше сè идеално за Барса, вечерва во првото полувреме се повреди Гави кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот, и тоа не е добра вест пред дуелот со Баерн Минхен в среда на „Камп Ноу“, кога Барселона ќе мора да победи против својот најнезгоден противник, но и да чека кикс на Интер, за задржување на шансите за место во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Тренерот на Атлетик, Ернесто Валверде, немаше загубено со 0-4 уште од 2019 година кога беше на клупата на Барселона и доживеа дебакл на гостувањето кај Ливерпул.