Барселона и Атлетико подготвуваат летна размена на играчи

Шпанските гиганти Барселона и Атлетико Мадрид налето би можеле направат проста размена, по еден фудбалер да ја промени средината.

Според шпанските медиуми, Барселона сака Феран Торес да го испрати во Мадрид, а за возврат да го добие Јаник Караско и на овој предлог немаат ништо против во Атлетико. Но, проблем би можело да направи Торес, чиј сон е да успее во Барселона иако досега не ги оправда 55-те милиони евра кои во јануари минатата година каталонскиот тим му ги плати на Манчестер сити.

Караско налето ќе влезе во последната година од договорот со Атлетико, а Барселона има посебна клаузула според која може да го купи само за 15 милиони евра, што ја вметна кога го продаваше Мемфис Депај токму на Јорганџиите.

Но, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, сака нешто да заработи и поради тоа е подготвен да го испрати Торес во Мадрид во замена за Караско и доплата од 10-15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести