ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Барселона и без Меси може да победи кај Ференцварош, ПСЖ во јуриш на „Олд Трафорд“

Без Лионел Меси, Ансу Фати и Филипе Кутињо, но со Мартин Брајтвајт како најистурен во нападот, Барселона ќе истрча на теренот на Ференцварош во обид каталонскиот гигант да го задржи перфектниот учинок во Лигата на шампионите. Тренерот Роналд Куман реши вечерва да игра во формација 4-2-3-1, а Тринкао, Гриезман и Дембеле треба да бидат во офанзивниот ред.

Искусните Пјаниќ и Бускетс се во средината, а одбраната треба да биде сигурна со Нето на голот и четворката Дест, Мингуеза, Ленгле и Алба. Ференцварош во претходното коло за малку не направи изненадување против Јувентус во Торино, а сега ќе се обиде да изненади и со каталонскиот гигант.

Во дербито на денот, Манчестер јунајтед го пречекува Пари Сен Жермен, а гостите едноставно не смеат да загубат. Светците на „Олд Трафорд“ ќе играат во офанзивна формација 4-3-3 со Мбапе и Нејмар како главни адути во нападот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести