Барселона и Интер водат во трката кој како ќе честита Кинеска нова година (Видео)

Денеска почнува новата година според лунарниот календар, датум кој Кинезите го слават како своја нова година, и тоа е причина многу европски клубови кои имаат фанови во оваа азиска земја со повеќе од милијарди жители, да им се додворат на Кинезите со разни честитки. Инаку, од денеска до крајот на јануари следната година, според Кинезите ќе биде година на стаорецот.

Интер од Милано, на утрешниот дуел со Калјари ќе настапи во дресови на кои презимињата на фудбалерите ќе бидат напишани со кинеско писмо.

Барселона која истотака многу сака да се рекламира во Кина и има многу фанови таму, објави и специјален анимиран клип со честитка за кинеската нова година.

https://twitter.com/i/status/1220663274787786753

- Оглас -

Најнови вести