Барселона и официјално се откажа од Брозовиќ, веќе има нов фудбалер на пик

Екипата на Барселона и официјално се откажа од улугите на Марсело Брозовиќ, откако не можеше да се спротивстави на финансиски моќната понуда на Ал-Хилал, иако желбата на хрватат беше да се пресели на Ноу Камп. Сепак, се чини финансиските проблеми на “каталонците“ се големи и да успееја да го донесат, тешко дека ќе можеше тој да биде регистриран за настап во Ла Лига.

Сега главен пик на раководството на Барселона е фудбалерот на Жирона, Ориол Ромеу. 32-годишниот фудбалер од средниот ред потекнува од фудбалската академија на Барселона, а патот од Б екипата на клубот од Ноу Камп го водеше во Челзи, Валенсија, Штутгарт, Саутемптон и Жирона.

Сега Ромеу после 12 години откако се замине е пред враќање на местото каде и започна, славниот Ноу Камп во Барселона. Кај фудбалерот сигурно дека постои расположение да се пресели во гордоста на Каталонија, но најпрво ќе треба клубовите да се договорат околу обесштетувањето, кое би изнесувало околу 6 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести