Барселона или Киелце на тронот на Европа, Sport Life нуди одлични игри за финалето

Кулминацијата на ракометната Лига на шампиони е денеска во Келн, каде ќе биде познат европскиот владетел за сезоната 2021/22. Дали Барселона ќе го одбрани тронот или Киелце ќе се искачи на највисокото место на пиедесталот ќе дознаеме по мечот кој започнува во 18 часот.

Барселона е убедливо најтрофејниот ракометен клуб во Европа. Каталонскиот гигант има рекордни 10 титули во Лигата на шампиони, а според коефициентите и денеска е фаворит за победа. Барселона е во неверојатна форма. Во 2022 година, тимот одигра 28 меча во сите натпреварувања и има 27 победи и само едно реми.

Киелце има само една титула во елитното европско натпреварување и тоа од 2016 година, кога во тогашното финале со неверојатен пресврт го победи Веспрем. Токму тоа финале треба да биде водилка за ракометарите на Киелце дека се игра еден меч во кој се е можно. Дополнителен мотив за Киелце треба да биде тоа што токму ова е клубот кој последен успеал да ја победи Барселона и тоа во ноември минатата година, во меч од групната фаза и тоа со 29:27.

За финалето во ЛШ, Sport Life подготви одлична палета на игри. Кој ракометар колку голови ќе постигне, кој тим прв ќе стигне до три, пет, 10, 15 голови…

Како предигра на финалето, ќе се игра и мечот за третото место во кое за бронзениот медал ќе се борат ракометарите на Веспрем и Кил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести