Барселона им должи богатство на Пике и Бускетс

Барселона благодарение на Жарарт Пике и Серхио Бускетс успеа да ги регистрира сите нови засилувања освен Жил Кунде откако пред извесно време капитените повторно се согласија да им се намалат платите.

Колку навистина го сакаат клубот, докажува фактот што двајцата капитени и лани ги прифатија истите услови, но во меѓувреме се договорија со Барса и на одложено плаќање на платите.

Шпанските медиуми открија колку клубот им остана должен на Пике и Бускетс, кои очекуваат до идното лето да им бидат исплатени поголем дел од сумите, а останатото во 2024 година. Вкупно 102 милиони евра Барса е должна на своите верни фудбалери – 52 на Пике, 50 милиони евра на Бускетс.

- Оглас -

Најнови вести