Барселона има добар план – Каталонците го сакаат капитенот на Арсенал

Барселона ќе му понуди на Арсенал отштета за да го доведе во своите редови Пјер-Емерик Обамејанг уште во зимскиот преоден рок.

Каталонците се подготвуваат за замена за Луис Суарес, а според нив, новиот капитен на Топчиите би бил идеална замена.

Популарниот Оби е прв стрелец на клубот од Лондон со 8 голови во Премиер лигата. Во Арсенал пристигна во јануари 2018 година од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, што во тој период беше рекорден клупски трансфер за Топчиите.

Обамејанг од неодамна е и капитен на англискиот прволигаш, наместо Гранит Џака, кој ја загуби лентата по кавгата со навивачите.

- Оглас -

Најнови вести