Жозе Мурињо е најсериозен кандидат за клупата на Њукасл

Жозе Мурињо се поврзува со клупата на Њукасл, откако сè погласни се шпекулациите околу иднината на Еди Хау. Во меѓувреме, легендарниот англиски фудбалер Крис Водл ја прокоментира дилемата со која се соочува секој клуб што размислува да го ангажира „Посебниот“, дали да освојува трофеи или да игра атрактивен фудбал.


Иако Мурињо може да се пофали со импресивна колекција трофеи, поранешниот тренер на Челзи и Реал Мадрид повремено го следи репутацијата дека неговиот фудбал може да биде сериозно „здодевен“, односно ориентиран многу повеќе кон дефанзивата.

„Нема да кажам дека Мурињо е лош тренер, тој освои речиси сè што може да се освои. Моментално е во Бенфика и, да бидеме реални, ќе биде при врвот бидејќи во Португалија секогаш има три силни екипи. Се споменува и негово враќање во Реал Мадрид“, анализираше Вoдл.

„Мислам дека луѓето ќе го толерираат стилот ако победувате. Но, во Њукасл мора да победувате и истовремено да играте атрактивно. А да бидеме искрени, Жозе Мурињо со години не е тренер што нуди забава“, додаде тој. „Сепак, сè се врти околу резултатите – таква е оваа работа.“

„Ако биде меѓу првите четири во лигата и сè уште во игра за купови, ќе го толерираат. Ќе кажат дека е одличен. Ако не биде, ќе се свртат против неговиот стил – ќе бидат незадоволни, нема да им се допаѓа, ќе кажат дека е здодевен“, заврши Водл.

Но, Жозе Мурињо во моментов е прв фаворит за клупата на Њукасл, доколку раководството на клубот одлучи да го смени Еди Хау.

- Оглас -

Најнови вести