Барселона ја делат само уште 45 минути од освојување на титулата (Видео)

Фудбалерите на Барселона водат со 3:0 во градското дерби против Еспањол и само 45 минути ги делат од освојување на шампионскиот трофеј во Ла Лига.

Доколку не се случи некакво чудо, Барселона на четири кола до крајот на сезоната ќе има 14 бода повеќе од Реал Мадрид и на теренот на градскиот ривал ќе ја освои 27-та шампионска титула.

Резултатот го отвори Роберт Левандовски во 11-та минута, а во 20-та, Алехандро Балде зголеми на 0:2. Третиот гол за Барселона го постигна Левандовски во 41-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести