Кога игра Барселона на свој терен, собира најмногу гледачи, покажа статистиката направена за минатата сезона. На 19 дуели кои каталонскиот гигант ги одигра на „Камп ноу“ во Примера, вкупно имало 1 445 000 гледачи. Втор на оваа листа е Манчестер јунајтед. Иако немаше добра сезона, гигантот на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата го гледаа 1 415 000 гледачи.
Границата од еден милиони гледачи ја надминаа уште неколку европски гиганти. Борусија Дортмунд на свој терен собра 1 374 000 гледачи и тоа само во 17 средби. Баерн Минхен е на четвртото место со 1 274 000 гледачи, а Реал е на петтото место со 1 158 000 гледачи.
Ако се гледа просечната посетеност на стадионите, на прво место е Борусија Дортмунд со 80 841 гледачи на меч. Следува Барселона со 76 104 гледачи, па Баерн Минхен со малку помалку од 75 000 гледачи на меч и Манчестер јунајтед со 74 500 гледачи во просек на меч.