Барселона убедливо ја победи Севилја, сега е вистинска мешаница на врвот на табелата (Видео)

Барселона со 4:1 победи на гостувањето кај Севилја и успешно ја заврши мисијата да се доближи до водечките две екипи во првенството, Реал Мадрид и Атлетико. Со оваа победа, Барселона стигна до 48 бодови и сега има само два помалку од лидерот Реал Мадрид, а само еден помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид.

Возбудливо почна мечот во Севилја. По само седум минути игра, Барселона поведе со голот на Роберт Левандовски, кој одлично се снајде во петерецот на домаќините.

Севилја брзо најбрзо што можеше. По примениот гол, само што тргнаа од центарот домашните играчи израмнија со погодокот на Варгас, што беше и резултат на полувремето.

Само што започна второто полувреме, Барселона поведе со 2:1. По асистенција на Педри, погоди Феран Лопез.

Веќе во 55 минута Барселона стигна и до 3:1, а овојпат стрелец беше Рафиња кој упати силен и прецизен шут надвор од шеснаесетникот.

Во 60 минута Фермин Лопес доби директен црвен картон, но и покрај тоа што беше со играч помалку, Барселона до крајот на мечот постигна уште еден гол, а стрелец беше Ерик Гарсија.

 

- Оглас -

Најнови вести