Барселона ја постави целта за крајот на сезоната – титула во Шпанија и во ЛШ

Шпанскиот првак Барселона во полн ек трениира и се подготвува за продолжување на сезоната. Меѓу играчите на каталонскиот гигант владее голем оптимизам, а на еден од последните тренинзи бил направен мини состанок на кој капитените Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жарарт Пике и Сержи Роберто заедно со останатите клучни играчи во составот, како што се Луис Суарес, Марк Андре тер Штеген и Артуро Видал, направиле договор.

„Периодот е краток, но треба да се вратиме во форма. Можеме да ги освоиме двата трофеи“, бил едногласен заклучокот на фудбалерите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести