Барселона ќе биде ослабена за каталонското дерби

Новата година за Барселона почна со лоши вести. Првиот голман Марк Андре Тер Штеген ќе отсуствува од обврски поради болки во коленото, а засега не е познато неговото враќање на терените. Т

ренерот Валверде исто така нема да смета на Артур Мело, бразилскиот играч за врска уште има проблеми со карлицата и се очекува да ги пропушти јануарските натпревари. Двајцата дефинитивно ќе го пропуштат каталонското дерби против Еспањол, кое е на програмата претстојниов викенд во рамки од 19-тото коло во Ла Лига.

Барселона по 18 натпревари стои на врвот на табелата со 39 бода, два повеќе од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести