Барселона ќе лечи „рани“ со убедлива победа над Гранада

1361 Барселона – Гранада (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Барселона е во мини-криза по дебаклот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а единствен „лек“ за тоа е убедлива победа над Гранада. И повеќе од јасно е кому му припаѓа фаворитската улога и Каталонците не би требало да имаат проблеми да ја оправдаат, иако имаат неколку отсуства во тимот.

Кун Агуеро, Мартин Бренврајт, Осман Дембеле и Педри со сигурност нема да играат, а под знак прашалник се уште неколку играчи. Сепак, и со тимот што го имаат на располагање, момците на Роналд Куман не би требало да имаат проблеми. Интересно е што на последниот дуел на „Камп ноу“ меѓу овие две екипи, на победа од 1:2 се радуваа гостите.

Предлог тип: 1&3+ (1.81)

 

3612 Удинезе – Наполи (Серија А Италија, 20:45 часот)

Кога играат овие два тима, головите не изостануваат. На последните пет средби, видени се во просек по четири погодоци, а на сите нив и двата тима постигнуваат најмалку по еден.

Со сигурност можеме на теренот да го очекуваме Елиф Елмас, додека Илија Несторовски сè уште закрепнува од повредата на коленото. На четири официјални средби во оваа сезона, Удине не знае за пораз пред своите навивачи, додека гостите од Неапол имаат серија на непобеденост од осум натпревари.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

1543 Бенфика – Боависта (Премиера лига Португалија, 20:00 часот)

Пет победи на исто толку натпревари има Бенфика во домашниот шампионат, а ваквата серија ќе сакаат да ја продолжат и вечерва против Боависта. Се навестува на лесни три бода на домаќинот, кој се надева дека ќе го симне големиот ривал Спортинг од тронот во оваа натпреварувачка година.

На последниот меч кој се одигра минатата сезона, Бенфика на свој терен победи со 2:0.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

3208 ЦСКА Москва – Спартак Москва (Премиер лига Русија, 18:30 часот)

Големото московско дерби отсекогаш носело и голема неизвесност, особено кога и двете екипи немаат добар почеток на сезоната, па победа над големиот ривал претставува дополнителен мотив. Само 10 бода по 7 одиграни натпревари имаат и двата денешни ривали и се наоѓаат на делба на деветтото место, додека Зенит почна да прави недостижна предност пред нив.

ЦСКА славеше на последните два дуели (3:1, 2:0), но тогаш за нив настапуваше и најдобриот поединец Никола Влашиќ, кој сега замина во англиската Премиер лига.

Предлог тип: Кога било X (1.77)

 

2806 Силкеборг – Архаус (Суперлига Данска, 19:00 часот)

Силкеборг е во добра форма пред своите фанови, а Архаус, пак, не може да се пофали со таков успех на гостувањата. На осум од последните 10 натпревари, постигнуваат најмалку два погодоци на домашен терен, додека гостите на последните пет средби имаат четири порази и еден нерешен резултат.

Кога станува збор за меѓусебните дуели во последните неколку години кога домаќин бил Алборг, средбите завршувале: 2:1, 2:5, 2:1.

Предлог тип: Т12+ (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести