Барселона ќе го „украде“ играчот кој беше подготвен да замине во Баерн Минхен

Дефанзивецот на Ајакс, Сержињо Дест, е цел на шпанскиот првак Барселона. Според најавите, 19-годишниот репрезентативец на САД е пред заминување на „Камп ноу“, иако досега не беше во опција да го облече дресот на каталонскиот гигант.

Дест сезонава одигра 32 меча за Ајакс во сите натпреварувања, што само се покажа дека е еден од клучните играчи во тимот. Иако игра во дефанзивата, Дест успеа да даде и два гола. Во претходниот период се најавуваше дека овој играч речиси сигурно ќе замине во Баерн Минхен, но засега тоа не се случи.

Освен Баерн и сега Барселона, за Дест интерес покажал и менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести